23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка АД Скопје ќе дели висока дивиденда - 995 денари по...

НЛБ Банка АД Скопје ќе дели висока дивиденда – 995 денари по акција

НЛБ Банка АД Скопје согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 30.03.2017 година го свика Годишното собрание на акционери кое ќе се одржи на ден 11.05.2017 година.

Една од предлог одлуките е и Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2016 година.

Добивката на НЛБ Банка АД Скопје за 2016 година по оданочување е во износ од 1.579.295.033,00 МКД.

Добивката ќе се распределува по следниот редослед:

  • За исплата на дивиденда: 849.790.695,00 МКД
  • За задржана добивка за инвестициски вложувања: 241.000.000,00 МКД
  • За општ резервен фонд: 488.504.338,00 МКД

Износот на бруто дивидендата по акција ќе изнесува 995,00 МКД што во однос на пазарната цена на акцијата претставува речиси 10% капитална добивка.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2016 година е 19.05.2017 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2016 година е 22.05.2017 година.

Исплатата на дивидендата ќе отпочне 30-от ден од одржувањето на Собранието на НЛБ Банка АД Скопје. Акционерите кои имаат право на дивиденда, ќе бидат известени за оваа Одлука со соопштение во еден од дневните весници што излегуваат на територијата на Република Македонија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП