24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот SUV на Opel e Grandland X (фото+видео)

Новиот SUV на Opel e Grandland X (фото+видео)

Компанијата „Opel“ го претстави својот следен нов модел – теренецот под името „Grandland X“, кој на европскиот пазар ќе треба да се спротивстави на „Nissan Qashqai“ и на новиот „Seat Ateca“. Дебито на автомобилот пред публика ќе се одржи на автосаемот во Франкфурт.

Должината на моделот е 4477 мм, широчината е 1844 мм, додека висината е 1636 мм, а растојанието помеѓу двете оски е 2675 мм. На овој начин кросоверот е со речиси 200 мм подолг од „Crosland X“ и 100 мм од „Nissan Qashqai“. Во исто време волуменот на багажникот е 514 литри (1622 литри при навалување на задните седишта), што е за 84 литри повеќе од „Qashqai“.

Кросоверот со пет седишта е изграден на платформата на групата „PSA“ користена за „Peugeot 3008“ и „Citroen C5 Aircross“. Засега од „Opel“ не ги откриваат моторите, но се очекува тоа да бидат бензински мотори со зафатнина од 1,2 и 1,6 литри, во развој од 130 до 165 КС, како и со дизел до 180 КС.

Наместо погон на четири тркала „Opel Grandland X“ го добил системот „Grip Control“, познат од „Peugeot 3008“ и „5008“. Таа го оптимизира системот за стабилизација, како и системот против занесување, така што се прилагодува спрема условите на патот.

Во опремата на кросоверот на Германците влегуваат адаптивен круз-контрол, загревање на воланот и на седиштата, како и безжично полнење за смартфони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП