23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗелениот чај ги намалува килограмите? Да, но не е се така едноставно!

Зелениот чај ги намалува килограмите? Да, но не е се така едноставно!

Благодарение на синергиското делување на катехинот, танинот и кофеинот зелениот чај може да помогне во слабеењето. Сепак, не е се така едноставно и идилично кога станува збор за овој напиток.

Не заборавајте дека поттикнувањето на метаболизмот со состојки од билките може да биде само помош при слабеењето. Главната програма треба да биде насочена кон редуцирање на исхраната и вежби. Експертите советуваат и да не претерувате со уживањето во зелениот чај.

Иако постои поврзаност меѓу зелениот чај и загубата на килограми, некои луѓе, сепак, претеруваат и земаат големи дози на зелен чај. Таа пракса не само што е потенцијално опасна, туку и не постојат конкретни докази дека пиењето на големи количини обезбедува подобар учинок од нормалните дози.

Она што треба да го знаете дека дневната доза не смее да надминува три шолји. Нуспојавите кои можат да бидат последица од делувањето на кофеинот кој зелениот чај го содржи вклучуваат несоница, главоболка, забрзана работа на срцето и зачестено мокрење.

Исто така, без оглед на желбата за слабеење сите кои имаат висок притисок, аритмија, тахикардија или некои други проблеми со срцето мора да бидат внимателни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП