28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi го претстави новиот предводник - Mi6 (видео)

Xiaomi го претстави новиот предводник – Mi6 (видео)

Овој телефон со екран од 5,15 инчи, во куќиштето има „Snapdragon 835“, што значи дека е дури третиот телефон кој го има овој процесор од новата генерација.

Меѓутоа, за разлика од „Sony Xperia XZ Premium“, „Mi6“ ќе пристигне во продавниците прв по „Samsung Galaxy S8“.

Имајќи во предвид дека има 6GB RAM, голема батерија од 3.350 mAh, aтрактивен дизајн инспириран од „Galaxy 7“, и многу поволна цена од околу 360 долари, се очекува да биде многу популарен на пазарот.

Двојната камера на задната страна има исти спецификации како и онаа која се наоѓа на „Apple iPhone 7“.

Смартфонот во Кина ќе започне да се продава од 28-ми април, а дури подоцна ќе може да се очекува на останатите, но не и на сите пазари.

„Mi6“ може да се избере во сина, бела, сребрена и црна боја и доаѓа во две верзии – oд 64GB и 128GB. Во понудата ќе биде и посебно издание од керамика и камера која ќе биде украсена со 18-каратно злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП