28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМогерини: ЕУ нема да загуби толку колку Велика Британија

Могерини: ЕУ нема да загуби толку колку Велика Британија

Велика Британија ќе изгуби многу повеќе отколку Европската унија (ЕУ) со одлуката да го напушти блокот, изјавила високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, додавајќи дека очекува тешки преговори со Лондон, пренесуваат светските агенции.

„Губиме важна членка на Унијата. За мене сите членки се важни и еднакви. Меѓутоа, сметам дека нашите британски пријатели ќе изгубат повеќе од нас“, рекла Могерини во Пекинг.

Според нејзе процесот на преговарањето не може да трае помалку од две години. „ЕУ, дури и по излегувањето на Британија, и понатаму ќе биде најголем светски пазар и втора по големина економија во светот“, рекла Могерини.

Британската премиерка Тереза Меј минатиот месец ја започна формалната процедура на излегувањето од ЕУ, а преговарачкиот процес со ЕУ се очекува да трае околу две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП