25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi подготвува електричен ривал на BMW X6 (фото+видео)

Audi подготвува електричен ривал на BMW X6 (фото+видео)

Неколку часа откако ги објави скиците на новиот концепт кросовер, компанијата „Audi“ ја одржи и неговата официјална премиера. Моделот со електричен погон го добил името „e-tron Sportback“, како беше прикажан пред публика на автосаемот во Шангај.

Ова е втор од вкупно трите планирани модели на „Audi“, кои треба да излезат на пазарот до 2020-та година. Првиот ќе биде сериската варијанта на концептот „e-tron quattro“. Тој ќе се вика „Q6 e-tron“ и ќе излезе во 2018-та година. Следната година ќе се појави крос-купе, а по него и градски автомобил, изграден на новата модуларна платформа „MEB“.

Според димензиите – висина и растојание помеѓу двете оски, „e-tron Sportback“ е блиску до хечбекот „Audi A7“ (4900 и 2900 мм). Висината сепак му е 1530 мм, што е речиси колку компактниот кросовер „Audi Q2“.

Прикажаниот прототип во Шангај е опремен со електричен агрегат, кој развива 435 КС. Тој, сепак, има систем кој овозможува зголемување на моќноста за 10 секунди до 503 КС.

Трите електромотори на „e-tron Sportback“ се полнат од батерии со капацитет од 95 kW/h. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај овој модел трае 4,5 секунди, а километражата со едно полнење е околу 500 км.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП