28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус и Монако се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите

Јувентус и Монако се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите

Фудбалерите на Јувентус и Монако им се придружија на мадридските тимови Реал и Атлетико во полуфиналето, во Лигата на шампионите.

Барселона на „Ноу Камп“ не успеа да приреди уште едно чудо, а Јувентус покажа дека не е ПСЖ. Италијанскиот шампион по победата од 3:0 во првиот меч, во реваншот одигра 0:0 и барем малку успеа да им се одмазди на Каталонците за поразот во финалето во 2015 година.

Искусната дефанзивна линија на Јувентус без поголеми проблеми успеа да се справи во напаѓачкото трио на Барселона (Нејмар, Суарез, Меси).

Најдобрите шанси за гол ги имаше Меси, по една во секое полувреме, но два пати неговите удари завршуваа крај голот на Буфон.

Јувентус не играше класичен бункер, до 75.минута Алегри на теренот имаше четворица напаѓачи. Најдобрите шанси за Јувентус ги пропуштија Игиаун и Квадрадо.

Монако, предводен од своите напаѓачи и во вториот натпревар ја совлада Борусија. На стадионот „Луј II“ Монако победи со 3:1 и со вкупен резултат 6:3 се пласира во полуфиналето.

Мечот кој доцнеше пет минути поради зголемените безбедносни мерки, Монако го реши во првите 15 минути, кога најпрвин Мбапе, а потоа и Фалко го совладаа Бирки. До крајот на полувремето играчите на Борусија го погодија дирекот од голот на Субашиќ, а добри шанси не реализираа Ројс и Гереиро.

На стартот на вториот дел Борусија намали на 2:1 преку капитенот Ројс, кој ја заврши одличната акција на Дембеле.

Меѓутоа по постигнатиот гол играчите на Бурусија не успеаја да создадат нова шанса за гол, а точка на мечот стави Жермен во 81.минута.

Полуфиналните двојки ќе бидат извлечени во петок, во Нион. Првите полуфинални натпревари ќе се одиграат на 2. и 3.мај, а реваншите на 9. и 10.мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП