28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера: Mercedes-Benz S-Class за 2018-та (фото+видео)

Светска премиера: Mercedes-Benz S-Class за 2018-та (фото+видео)

Долгоочекуваната премиера на обновениот „Mercedes-Benz S-Class“ конечно се одржа откако досега германскиот производител одржа неколку затворени настани за своите клиенти. Предводникот на брендот добил козметички промени, два нови мотори и систем за автономно движење.

Новините во изгледот ја засегнале оптиката, па конфигурацијата на светлата е целосно променета. Во зависност од модификација ќе се нудат неколку опции, а седанот добил и нова решетка на ладилникот.

Во кабината е поставен волан со три краци и сензорни панели, а притоа тој ќе биде различен помеѓу верзијата понудена под брендот „Maybach“, и онаа која е подготвена од спортската поделба на брендот „AMG“. Разлики има и во дисплеите на мултимедиалниот комплекс, како и во панелот со Инструменти.

Во опремата на лимузината се вклучени како нови, така и подобрени системи за безбедност и асистенти на возачот. Меѓу нив се систем за автономно придвижење со можност за потчукнување и „дружење“ со други возила на патот, како и функција за автоматско паркирање. Тоа може да се активира од смартфонот, ако не треба возачот да биде во автомобилот.

Меѓу обновените опции е и системот „Energizing“ кој нуди голем број на 10-минутни програми за подигнување на расположението на возачот и патниците. Во зависност од избраната програма возилото ги менува поставките на седиштата (греење, вентилација, масажи), осветлувањето на кабината (64 бои по избор), клима уред (вклучува ароматизација) и избор на музичка придружба.

Палетата на мотори исто така е променета. Наместо досегашниот 4,7-литарски V8 мотор се појави 4,0-литарски твин-турбо V8. Во модификација „S 560“ тој развива 469 КС, а во верзијата „AMG S63“ каде го заменува досегашниот 5,5-литарски агретат, моќноста му е веќе 612 КС. Оваа опција има добиено 9-степен менувач „AMG Speedshift MCT“ наместо стариот 7-степен автомат.

Верзијата „AMG S63“ со систем за погон на сите четири тркала „4Matic +“ забрзува од 0 до 100 км / ч за 3,5 секунди, а максималната брзина (со вклучен дополнителен пакет „AMG Driver’s Package“) е 300 км/ч. Модификацијата „AMG S 65“, кој се потпира на 6.0-литарски V12 со 630 КС и заден пренос, останува во палетата, а кај неа забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 4,3 секунди.

Во палетата на предводникот на „Mercedes-Benz“ влегува и редовни дизел мотори со 6 цилиндри во две варијанти на моќност – 286 КС и 600 Нм за верзијата „S 350 d 4Matic“ и 340 КС и 700 Нм за „S 400 d“. За моделот ќе се нуди и нов бензински мотор со 6 цилиндри и електрична турбина, кој ќе е достапен во две варијанти на моќност. Неговите параметри ќе бидат познати наскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП