19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИмпозантна вила во Канада (фото)

Импозантна вила во Канада (фото)

Ова е еден од најголемите и најлуксузните имоти во Канада, тој всушност е ставен на продажба и може да биде ваш за 14,9 милиони долари…

Претходната цена која е побарана за овој прекрасен имот била 19,5 милиони долари.

Се наоѓа на површина од 12 хектари, на живописното езеро „Lake of Two Mountains“. Совршениот архитектонски дизајн со вметнат европски стил одлично се вклопува во околните пејсажи и прекрасниот поглед кој се протега до бесконечност.

Овој имот на езеро има своја прекрасна градина, а главната резиденција која е во центарот на целиот имот има девет спални соби и девет бањи. Изградена е во 2005 година и има најмодерен систем за безбедност, затворен паркинг за дури 25 возила и затворен базен.

Само еден поглед на неа ќе ви го открие високиот квалитет на материјалите и неверојатните вештини на изработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП