19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСируп кој ги отстранува масните наслаги од стoмакот

Сируп кој ги отстранува масните наслаги од стoмакот

Оваа намирница ги забрзува метаболичките процеси во нашиот организам, па така поттикнува топење на масните наслаги…

Ренот е исклучително здрава антибактериска намирница која не содржи заситени масти или холестерол. Тој е одличен за варењето бидејќи го стимулира развојот на добри бактерии во системот за варење и за секунда ќе ги прочисти вашите синуси. Ги забрзува метаболичките процеси во нашето тело, па така поттикнува топење на масните наслаги.

Во тоа може да ви помогне овој моќен сируп со кој ќе го намалите стомакот и ќе го елиминирате вишокот вода од телото…

Состојки:

– 15o гр свеж рен (корен)

– 4 лимони

– 3 лажици мед

– 2 лажици цимет

– 20 грама свеж ѓумбир (корен)

Подготовка:

– Ренот и ѓумбирот изблендирајте ги во блендер, доколку немате блендер, изрендајте ги ситно.

– Исцедете ги лимоните, додадете го сокот во ѓумбирот и ренот, измешајте.

– Потоа додадете го медот и циметот и мешајте за смесата да се соедини.

– Сирупот ставете го во стаклен сад, чувајте го во фрижидер.

Консумирајте по 2 лажици од сирупот дневно во текот на 3 недели, а потоа направете пауза од еден месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП