24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗапочна развојот на Galaxy S9

Започна развојот на Galaxy S9

„Samsung Electronics“ веќе пристапи кон развивање на својот нов предводник – „Samsung Galaxy S9“.

Од моментот на презентацијата на уредите „Samsung Galaxy S8“ и „S8 +“ поминаа малку повеќе од 2 недели. Смартфоните дури уште не појавиле во продажба, а јужнокорејските медиуми јавуваат дека веќе е започнат развојот на следниот модел – „Galaxy S9“.

Како што објави „The Investor“, работата над дисплејните панели за „Samsung Galaxy S9“ почнала уште во крајот на минатиот месец.

Ако тоа е вистина, тоа значи дека јужнокорејскиот производител пристапи кон создавање на смартфони од нова генерација едвај на половина година порано од вообичаеното.

Во дадениот момент одделот на „Samsung“ веќе работи на клучните елементи во новиот уред – особено над екранот, кој ќе зазема уште поголем дел од предниот панел на телефонот.

Испораките на првите примероци „OLED“-екрани се предвидени за средината на април. А околу еден месец потоа корејскиот производител ќе ги планира и другите составни делови за „Galaxy S9“.

Според некои причината за толку раното отпочнување на работата над новиот уред се крие во строгите барања за системот за контрола на квалитетот. Тие беа воведени по фијаското со „Galaxy Note 7“.

За спецификите на „Galaxy S9“ се уште е рано да се каже нешто. Производителот тешко дека ќе се откаже од досега користениот концепт. Новите телефони речиси сигурно ќе бидат со приказ без рамки.

Потсетуваме дека „Samsung Electronics“ најави дека нејзините производи добиле 49 награди во рамките на наградите „iF Design Awards“ на меѓународниот форум „Design Awards 2017“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП