20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Porsche Cayenne ќе биде полесен за 100 килограми

Новиот Porsche Cayenne ќе биде полесен за 100 килограми

Третата генерација на „Porsche Cayenne“ ќе биде барем со 100 килограми полесна од својот претходник. Ова го пишува весникот „Auto Express“, според кои кросоверот ќе се појави на пазарот најдоцна во текот на летото на 2018-та година.

Теренецот ќе биде изграден на модуларната платформа „MLB Evo“, која веќе се користи кај моделите „Audi Q7“ и „Bentley Bentayga“. Таа ќе биде и во основата на следниот „Volkswagen Touareg“, како и на „Lamborghini Urus“, кој треба да се појави на пазарот во почетокот на 2018-та година.

Очекувањата се новиот „Cayenne“ да превземе голем дел од стилските елементи на помалиот брат – „Macan“. Генерално овој „SUV“ на „Porsche“ сепак ќе ја задржи лесно препознатливата силуета. Во кабината ќе се појави дигитален панел и конзола во стилот на новата генерација на „Panamera“.

Од овој модел ќе бидат превземени и погонските агрегати на теренецот. Тие вклучуваат 2,9-литарски твин-турбо V6 и 4,0-литарски би-турбо V8, со моќност од 440 и 550 КС.

Шефот на одделот за истражување и развој во „Porsche“ – Волфганг Хатц, веќе отворено најави дека новиот „Cayenne“ ќе стане најбрзиот теренец на планетата. Во моментов таа титула му припаѓа на „Jeep Grand Cherokee Trackhawk“, кој е опремен со 6,2-литарски „HEMI“, кој развива 707 КС. Американскиот модел забрзува од 0 до 100 км/ч за 35 секунди и развива над 300 км/ч.

Освен стандарден „Cayenne“ компанијата „Porsche“ ќе понуди и верзија крос-купе. Овој автомобил веќе беше забележан за време на искушенијата во текот на летото на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП