29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАГрандиозен концерт на Влатко Стефановски и оркестарот на словенечката војска

Грандиозен концерт на Влатко Стефановски и оркестарот на словенечката војска

Во Метрополис арената во Скопје, утревечер ќе се одржи голем концерт на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски со Биг Бендот Орекестар на словенечката војска.

Овој концерт е искулучителен музички настан, за кој Стефановски со Биг Бендот подготви репертоар составен од некои од неговите најпознати композиции, но и познати фанк, џез и соул стандарди.

Пред две години диригентот на Биг Бендот на словенечката војска, Рудолф Гас го повикал Влатко Стефановски да биде гостин на нивниот концерт на Конгресниот трг во Љубљана. Стефановски на почетокот бил по малку скептичен, незнаејќи што тој откестар свири, но после првата заедничка проба останал „потполно фасциниран од звукот и професионализмот на оркестарот„.

Нивниот одличен концерт во Љубљана е забележан на CD и DVD, во издание на ЗКП Љубљана, на кои се изведуваат и песните “Gypsy Song”, “Јовано Јованке”, “Stratus”…

„Тоа не е класичен воен оркестар, се работи за Биг Бенд кој свучи како секој голем џез Биг Бенд. Сите членови се извонредни инструменталисти и главно џез музичари. А нивната појава е навистина атрактивна бидејќи настапуваат во парадни униформи. Во оркестарот има и жени, кои се задолжени за пратечките вокали“ – најави Стефановски.

Инаку, веднаш по скопскиот концерт истата постава ќе ја види и публиката во Белград. На 21 април Влатко Стефановски и Биг Бендот ќе настапат во Сава Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП