25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda претстави електрично крос-купе (фото+видео)

Skoda претстави електрично крос-купе (фото+видео)

Чешкиот производител на автомобили на саемот во Шангај го претстави концептниот купе-кросоверот на „Skoda“ кој се нарекува „Vision E“.

Димензиите на прототипот се должина од 4645 мм, ширина од 1917 мм, висина од 1550 мм и растојание помеѓу двете оски од 2850 мм. Еден од највпечатливите елементи на машината се специјалните „LED“ фаровите на главните светла.

Самото крос-купе е создадено на новата платформа на концернот „Volkswagen“ – „MEB“ која е наменета само за електрични возила. Моделот на „Skoda“ е опремен со моќен агрегат, во кој влегуваат два електромотори со вкупна моќност од 306 КС. Максималната брзина на електричниот модел е 180 км/ч, а километражата со едно полнење е 500 км.

Во кабината на „Visison E“ се поставени 5 екрани, неколку уреди за безкабелно полнење на паметни телефони, како и седишта кои се вртат на 20 степени при отворање на вратите. Тие се враќа во вообичаената положба, штом вратите се затворат.

Освен тоа првиот електромобил на Чесите добил и систем за автономно движење кое може да ја менува лентата и да владее сам со возилото во сообраќајниот метеж. Се уште не е јасно дали „Skoda Vision E“ ќе се појави во сериско производство и кога ќе се случи тоа. Претходно Чесите најавија дека нивниот прв електричен автомобил ќе излезе на пазарот во 2020-та или 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП