19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSociete Generale планира да укине 550 работни места

Societe Generale планира да укине 550 работни места

societe1

„Societe Generale“ втората по големина банка во Франција, објави дека планира да укине 550 работни места во нејзиното седиште во Париз, како дел од програмата за намалување на трошоците во текот на кризата во европските економии.

„Во моментов сме во преговори со синдикатите во Франција за планот за намалување на бројот на вработените. Севкупниот ефект од првите чекори ќе бидат 550 работни места“, изјави заменикот на извршниот директор на банката Северин Кабанес.

„Societe Generale“ во февруари започна со плановите за реорганизација на главните бизнис делови во три целини, а сега сака дополнително да ги намали и трошоците на домашниот пазар, откако минатата година укина околу 1.600 работни места во одделот за корпоративно и инвестициско банкарство во светот.

Банката планира до 2015 година да заштеди дополнителни 900 милиони евра, како дополнување на 550 милиони евра кои беа заштедени во 2012 година, со што вкупните расходи во тој период ги намали за 1,45 милијарди евра.

Своите активности во Франција, „Societe Generale“ ги рационализира во одделот на деловното работење со граѓаните, како и во корпоративното и инвестициското банкарство, изјави Кабанес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП