25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGenesis го претстави својот прв кросовер (фото+видео)

Genesis го претстави својот прв кросовер (фото+видео)

Марката „Genesis“, која припаѓа на „Hyundai“, го претстави предвесникот на првиот кросовер во својата палета. Концептот „GV80“ располага со луксузен салон и погон со водородни ќелии.

Дизајнот на автомобилот е дело на Лук Донкерволке, кој до неодамна работеше за „Volkswagen“ и дури беше на чело на дизајнерскиот оддел на „Bentley“. Меѓу белегот на кросоверот се „двокатните“ светла, изразените аеродинамични елементи на каросеријата, како и вратите кои немаат рамки.

Ентериерот на возилото е направен од кожа и природно дрво, а впечаток прави минималната количина на контроли на различните системи. Интеракцијата со мултимедијалниот комплекс и со останатите системи се спроведува со помош на допир, кој се наоѓа под десната рака на возачот.

На врвот на предниот панел е поставен широк екран на допир. Слични екрани се вградени и во задниот дел на предните седишта, а тие се наменети за патниците на задните седишта. Кросоверот е наменет за четворица, па затоа и задниот троседот е поделен на два дела.

Засега од „Hyundai“ не откриваат детали за агрегатот на возилото, нема и информации за роковите за неговата појава на пазарот. Не се исклучува можноста сериската верзија на „GV80“ да излезе со хибриден погон, бидејќи за водородните автомобили се уште ја нема потребната инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП