28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасната Vila Sorriso (фото)

Прекрасната Vila Sorriso (фото)

Во текот на 2014 година овој имот, кој инаку се наречен „Vila Sorriso“, беше ставен на продажба по цена од 35 милиони долари но никој не го купи. Сега, овој имот од 653 хектари, повторно е ставен на продажба по цена од 29,9 милиони долари.

Главната резиденција изобилува со просторност и луксуз во сите простории, а зазема површина од 2.000 метри квадратни. Резиденцијата има пет спални соби и 12 бањи.

Влезот во оваа вила е двокатен, а има и ротонда и камбанарија, соба за билјард, библиотека, домашно кино со 12 места за седење, семејна соба и безбедносна соба, како и климатизиран простор за чување на уметнички дела и вина. Оваа вила има и лифт за полесно движење на станарите во неа.

Што се однесува на погодностите на отворено, тука е големиот базен, како и големото езеро во кое може да се лови риба. Покрај сето тоа, тука се и 12 хектари малини и „Cabernet Sauvignon“ грозје, кои се пресечени со патеки за шетање и јавање коњи.

Уживајте во фотографиите…

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП