19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали спаѓате во групата на тешки соработници?

Дали спаѓате во групата на тешки соработници?

Понекогаш работите со луѓе за кои сметате дека се тешки соработници, а дали и вие спаѓате меѓу нив откријте во продолжение од текстот…

Тешките соработници имаат неколку мани, а некои од нив се:

1. Неуредно биро, полно со ѓубре и расфрлени документи. Лична нехигиена и неуредна облека.

2. Никој не ги сака луѓето кои зборуваат само за себе, па запрашајте се дали речениците кои ги изговарате постојано почнуваат со „јас“…

3. Дали сте подлизурко кој на шефовските прашања секогаш има потврден одговор?

4. Дали сте личност која секогаш знае се за сите во компанијата? Дали ги озборувате сите зад грбот и дали колегите доаѓаат кај вас за да ја примат дневната доза трач од вас?

5. Никој не ги сака оние лица кои без прашање „позајмуваат“ се и сешто од колегите и канцеларијата, без оглед дали станува збор за храна или некој предмет кој им е потребен.

Ако се препознавте во некоја од горенаведените работи, редно време е таа особина да ја елиминирате од вашиот карактер!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП