24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните на Карпош со помош за ранливите категории граѓани

Граѓаните на Карпош со помош за ранливите категории граѓани

Со хуманитарни пакети, до збогатување на велигденската трпеза во домовите на социјалните семејства. Општина Карпош ги подели пакетите кои хуманите луѓе, градинките и основните училишта ги донираа за своите сограѓани. Градоначалникот Стефчо Јакимовски со желба бројот на вакви семејства да се намалува.

„На велигденската хуманитарна акција собрани се околу 90 пакети. Локалната самоуправа на сите граѓани кои имаат потреба од помош за купување лекови, плаќање сметки, односно оние кои се социјално загрозени им помага со финансиски средства и преку целата година“, рече Јакимовски.

Традиционалната хуманитарна акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“ , која е во организација на Одделението за детска, здравствена и социјална заштита при општината, се спроведе по 21. пат, а се одржува трипати во годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП