29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКанадска вила за модерни благородници (фото)

Канадска вила за модерни благородници (фото)

Кога имате многу пари, знаете дека можете да си купите или изградите куќа од соништата…

Оваа вила за модерни благородници се наоѓа во Канада и можете да ја купите за цена од 11,8 милиони долари.

Таа се наоѓа на масивен приватен имот од 86 ари, го носи називот Stoneridge Hall и претставува величествена резиденција која е опкружена со места за набљудување и жива ограда. Овој имот е дизајниран во дорски стил, па содржи вила која има околу 1.000 квадратни метри со дополнителни 450 квадратни метри подрумски простории, а има шест спални соби и четиринаесет бањи.

Главната резиденција ќе ви понуди елегантни простории со прекрасни ѕидни панели, детали од лиено железо, свилени облоги на ѕидовите, камини, мермерен под, и бројни други елегантни детали, додека нејзиното долно ниво содржи пекрасен простор за рецепција со помошни простории, кетеринг салон и вежбална.

Прекрасната трпезарија на оваа вила ќе се погрижи за сите ваши гости, додека во дворот ќе ја шармира секоја личност која ќе ве посети. Во западното крило се наоѓа и прекрасната библиотека, додека во источниот дел од имотот се наоѓаат прекрасно и деликатно уредените градини. Тука е и гломазната гаража за три автомобили. Не сме изнедадени!

Па што велите?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП