28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПравила за деловна комуникација

Правила за деловна комуникација

komunikacija2

Постојат неколку правила кои се основни за добра комуникација. Треба да ги имате на ум и да ги применувате во секојдневната конверзација со луѓето кои ги среќавате во бизнис и приватни прилики.

 

1. Избегнувајте непотребни детали. Немојте да бегате од темата. Ако се покаже дека нешто не е важно, не губете време за да го поправите истото.

2. Не поставувајте второ прашање пред да добиете одговор на првото. Ако сакате да ги имате сите потребни информации, немојте да губите време за да го поправите ова.

3. Не го прекинувајте соговорникот додека зборува. Освен тоа, обидете се да ја скратите својата приказна и дајте и шанса на другата личност да зборува.

4. Немојте да бидете контрадикторни. На овој начин ја губите вашата уверливост. Обидете се да ги поврзете информациите кои ги наведувате.

5. Немојте да зборувате во еден тон. Најдете време за пауза, поставете прашање и најдете заеднички интерес со личноста со која комуницирате.

6. Немојте секогаш да бидете главниот лик во вашата приказна. Истакнете ги и другите.

7. Одберете тема која е од заеднички интерес. Немојте да го вртите разговорот во политички теми, а ако баш не можете да најдете заедничка тема, подобро прекинете го разговорот.

8. Слушајте. Освен што ќе покажете основна култура кон соговорникот, нема да ги пропуштите и важните информации.

9. Не претерувајте. Не е се „најдобро“, „најлошо“ или „најсмешно“.

10. Кажете ја вистинската работа, или немојте да зборувате. Луѓето често ќе ве проценат според она што го кажувате. Или како што велат постарите: Мудриот човек не фрла зборови и не губи време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП