25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТаен тим на Apple развива сензационална медицинска технологија

Таен тим на Apple развива сензационална медицинска технологија

Apple ангажираше тим од биомедицински инженери како дел од тајната иницијатива која била меѓу идеите на покојниот основач на компанијата Стив Џобс. Целта е да се развијат сензори за лекување на дијабетес, пишува „CNBC“, повикувајќи се на три лица запознаени со ова прашање.

Од компанијата Apple одбиваат да дадат коментар на оваа тема.

Се очекува инженерите да работат во канцеларија во Пало Алто, Калифорнија, во близина на седиштето на корпорацијата.

Веста стана јасна во момент кога односот помеѓу медицината и технологијата се зголемува, бидејќи компании ги здружија силите за да се борат со хронични заболувања, користејќи високо-технолошки уреди со кои се комбинираат биологија, софтвер и хардвер. На овој начин се создаде и нова област во медицината, наречена биоелектроника.

Минатата година „GlaxoSmithKline“ и „Alphabet“ најавија дека основаат заедничка компанија која ќе има за цел да продава биоелектронски уреди за да се борат со болести, кои се поврзуваат со посебни нерви.

Американската биотехнолошка компанија „Setpoint Medical“ и „EnteroMedics“ веќе ги покажаа раните придобивки од биоелектрониката при лекување на ревматоиден артритис и потиснувањето на апетитот кај луѓето со прекумерна телесна тежина.

Други компании кои се занимаваат со биоелектроника се „Medtronic“, „Proteus Digital Technology“, „Sanofi и Biogen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП