25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВелигденски свет без граници во Skopje City Mall

Велигденски свет без граници во Skopje City Mall

Велигден е еден од најголемите христијански празници кој го означува денот на Христовото воскресение. Секоја држава има своја традиција и обичаи кои се карактеристични само за нив. Во пресрет на овој голем празник, нашиот најголем трговски центар, Skopje City Mall организира настан “Велигденски свет без граници” со богата и разновидна програма за сите генерации.

На приземјето во Skopje City Mall е поставена домашна фарма со вистински животни, на која фармерот Војо ги едуцира и анимира посетителите. Фармата е отворена секој ден од 10 до 22 часот. Детските работилници ќе се одржат во петок и сабота од 12-14 и од 18-20 часот, каде што дечињата ќе имаат можност да бојадисуваат јајца во разни техники. Минатиот викенд со своја изложба и презентација се претставија САД, Унгарија и Русија, каде преку разни работилници посетителите се запознаа со нивната култура и велигденски обичаи.

За престојниот продолжен викенд најавени се работилници за обичаите, техниките на бојадисување и традиционалните Велигденски трпези на три држави: Словенија во петок од 13 часот, Украина во 18 часот, а во сабота од 13 часот ќе се претстави Македонија.

Од Skopje City Mall известуваат дека локалите ќе работат со регуларно работно време, освен во недела (16ти април) кога ќе работат со скратено работно време од 12 до 20 часот. Покрај програмата што ја понудија од Skopje City Mall за настанот кој ќе трае до 17ти април, сите посетители ќе можат да ги искористат и велигденските попусти кои ги најавија закупците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП