24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрофитот на Mercedes скокна со 87%

Профитот на Mercedes скокна со 87%

Профитот на германскиот гигант „Daimler“ скокнал со неверојатни 87% за првиот квартал на годината, објави компанијата.

Неконсолидираната добивка на групата, која ги вклучува марките „Mercedes-Benz“, „Smart“ и пододделенијата за лесни и товарни возила, достигнува 4.01 милијарди евра за периодот јануари – март, наспроти 2,15 милијарди за истиот период о 2016-та година.

Приходите на единицата за автомобили е 2.23 милијарди евра, наспроти 1,4 милијарди пред една година.

Од „Daimler“ засега не прецизираат на што се должи овој скок. Во минатата година главен двигател на растот кај компанијата беше кинескиот пазар.

2016-та беше рекордна година за „Mercedes“ како во продажбата, така и во нето добивката, но по се изгледа дека во 2017-та рекордот ќе биде подобрен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП