20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПодобрете ја продуктивноста кажувајќи „НЕ“

Подобрете ја продуктивноста кажувајќи „НЕ“

Ако секогаш и на се кажувате ДА, значи дека не живеете по сопствен денвен ред и поради другите се занемарувате себе си.

Многу важно, особено во работењето, е во одредени ситуации гласно и јасно да кажете НЕ. Погледнете во кои случаи, треба да го направите тоа.

1. Кажете им НЕ на негативните луѓе

Темелот за успех се ентузијазмот и оптимизмот. Поради тоа е многу важно околу себе да имате луѓе кои се позитивни, бидејќи негативата се шири како болест и влијае на сите во близина. Негативните луѓе треба да ги исфрлите од тимот.

2. Кажете НЕ на непотребните состаноци

Многу важен фактор во секое работење е времето. Одлуките треба да ги донесувате брзо, а така треба и да реагирате. Освен ако се работи за состаноци кои директно влијаат на вашиот бизнис, тогаш намалете ги во најмалата можна мерка.

3. Кажете НЕ на предолгото одолговлекување

Постои причина зошто Марк Цукерберг секој ден носи иста маица – за да не го троши времето на изборот на облека, што му овозможува да се фокусира на поважните работи. Иако тоа изгледа како претерано, сепак покажува дека ако помалку се замарате со неважни нешта, ќе го ослободите својот ментален капацитет и ќе можете да го насочите кон нешто навистина важно.

4. Кажете НЕ на работите кои ви го одвлекуваат вниманието

За да ја зголемите продуктивноста, важно е малите нешта да не ви го одземаат вниманието. Ако успеете да се одвикнете од честото користење на Фејсбук или контролирањето на мејловите, ќе ви остане повеќе време за попродуктивни нешта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП