19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен бројот на туристи во Ноември 2012, во однос на истиот месец...

Зголемен бројот на туристи во Ноември 2012, во однос на истиот месец претходната година

turizam

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2012 година изнесува 34,756, а бројот на ноќевањата изнесува 80 580.

Бројот на туристите во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, е зголемен за 5.9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11.4%.

Бројот на домашните туристи во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, е зголемен за 21.4%, а бројот на странските туристи е намален за 2.7%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, е зголемен за 17.5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 6.3%.

Во периодот јануари-ноември 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2.2%, а кај странските зголемување за 7.8%.

Во периодот јануари-ноември 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројотна ноќевањата е намален за 1.0% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 5.6%, а кај странските зголемување за 7.7%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП