19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ги потврди плановите за Q8 и Q4

Audi ги потврди плановите за Q8 и Q4

Audi официјално ги потврди производствените планови за идните кросовери „Q8“ и „Q4“. Поголемиот „Q8“ кој ќе биде новиот предводник во гамата ќе почне да се произведува уште од почетокот на идната година во фабриката на „VW Group“ крај Братислава, Словачка. Таму во моментов се прават „Bentley Bentayga“, „Porsche Cayenne“ и „Volkswagen Touareg“.

Производството на „Q4“ ќе стартува во 2019-та во фабриката на „Audi“ во Гер, Унгарија.

Појавата на новите двата „SUV“ модели ќе ја зголеми конкурентноста на компанијата во еден „исклучително важен сегмент“, призна шефот за производство Хеберт Валтл.

Во меѓувреме фотографи успеаја да го снимат „Q8“ за време на тестови на германската патека Нирбургринг. Од видеото се гледа дека возилото е значително пошироко и пониско од „Q7“ на чија платформа е изграден. Новиот модел е нагласено „мускулест“ и спортски, а ќе се залага за тоа да биде ексклузивен, а не практичен. 

Бидејќи е технички близнак на „Q7“, можеме да ги очекуваме истите погонски агрегати, кои вклучуваат турбо-бензински и дизел „V6“, како и хибридна опција. Најверојатно од компанијата во Инголштат ќе предложат и спортска „SQ8“ верзија која ќе го користи моторот од „SQ7“ – V8 турбо-дизел со 435 КС и 900 Нм вртежен момент.

Поради напредната фаза на тестовите многу веројатно е „Q8“ да биде претставен на некоја од големите изложби на крајот на оваа или почетокот на идната година – Франкфурт или Детроит. Концептот, кој го истакна новиот модел, беше прикажан токму во Детроит во јануари оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП