19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРекордна година на Jaguar Land Rover

Рекордна година на Jaguar Land Rover

Производителот на луксузни возила, „Jaguar Land Rover“, собори уште еден рекорд и тоа со продажба на повеќе од 600.000 автомобили во изминативе 12 месеци, со раст од 16% на годишно ниво.

Значителен раст во продажбата во изминатава година групацијата „Jaguar Land Rover“ бележи во Кина, и тоа за 32%, Северна Америка од 24%, Велика Британија 16% и Европа 13%.

Во последниот квартал од 2016-та година продадени се 179.509 возила, што е за 13% повеќе во однос на истиот период од 2015-та година, додека во март 2017-та се продадени вкупно 90.838 возила, што е раст од 21% во однос на март 2016-та.

Клучната причина за зголемување на продажбата е воведувањето на кросоверот „F-Pace“, кој е најзаслужен за продажниот раст во текот на фискалната година.

„Land Rover“ во март пред публиката го претстави новиот модел „Velar“, како уште еден член од семејството „Range Rover“. Oвој автомобил е позициониран меѓу моделите „Evoque“ и „Range Rover Sport“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП