28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва е најмоќната конзола во историјата на гејмингот (видео)

Ова е најмоќната конзола во историјата на гејмингот (видео)

Наскоро пристигнува најновата, подобрена верзија на конзолата „Xbox One“ која моментално го има работниот наслов „Project Scorpio“.

Според информациите од „YouTube“ каналот „Digital Foundry“, може да се заклучи дека станува збор за досега најмоќната конзола во историјата на гејмингот, која има подобри технички карактеристики и од конзолата „PlayStation 4 Pro“.

„Scorpio“ има дури 12GB DDR5 RAM меморија, процесор осум x86 јадра со фрекфенција од 2,3 GHz и графичка картичка со 40 компјутерски единици на 1172MHz.

Како дел од промоцијата на новата конзола, „Microsoft“ за „benchmark“ тестот на перформансите ја употреби играта „Forza 6“, a „Scorpio“ играта ја „вртеше“ во „4K“ резолуција и 60 fps.

Дали „Scorpio“ ќе биде момент на будење за „Xbox“ останува да се види, но тука и натаму е проблем недостатокот на добри и ексклузивни игри, со кои „Sony“ секој месец ги „бомбардира“ фановите и сопствениците на „PS4“ конзолата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП