29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМалиот SUV на Volkswagen веќе не се крие

Малиот SUV на Volkswagen веќе не се крие

Фотографите на „Motor1“ успеаја да го снимат новиот мал „SUV“ во гамата на „VW“. Прототипот изгледа е блиску до производствената верзија, иако има сосема лесен камуфлажа.

Новиот автомобил е базиран на претставениот пред три години концептуален модел „Volkswagen Т-Roc“. Очекувано, доста од дизајнерските решенија отпаднаа, а изгледот е издржан во типичен за брендот конзервативен стил.

Со должина од малку над 4 метри, малиот „SUV“ ќе ја заземе позицијата под „Tiguan“ во палетата на германскиот производител и ќе влезе во директна битка со „Nissan Juke“, „Toyota CH-R“, „Mazda CX-3“, како и моделот кој наскоро ќе се појави – „Hyundai Kona“.

Автомобилот е базиран на „MQB“-платформата на концернот „Volkswagen“, а стандардно ќе се нуди со преден погон. Погонот е доверено на 3 и 4 цилиндрични турбо-мотори, а основните модели ќе се потпираат на 6-брзински мануелен менувач. Поскапите модификации ќе може да се нарачаат со корпоративниот систем за погон на четири тркала „4Motion“, како и со 7-степениот менувач со две спојки „DSG“.

Најверојатно новиот модел ќе биде официјално претставен во септември на автомобилскиот саем во Франкфурт, а продажбата ќе започне на крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП