23 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.03.2018

Дневен хороскоп 02.03.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе добиете поддршка од соработниците со кои градите заеднички проекти. Тимската работа ќе ви биде најсилната страна. Во љубовта ќе дојдете до некое ново познанство.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ве очекува значителен напредок на деловен план. Можно е да добиете подобро работно место и поголема плата. Во љубовта ситуцијата е смирена, релаксирачка и ве задоволува.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекува прилика да се покажете на деловното поле. Зграпчете ја приликата и покажете ги сите ваши добри страни. Во љубовта слободните ги очекува почеток на нова врска.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекува подобрување на финансиите. Во моментов задоволни сте со состојбата на деловен план. Во љубовта имате некои недоразбирања но набрзо ќе ги надминете.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Во текот на овој ден би можело да му помогнете на некој, тоа за вас ќе биде голем плус. На емотивен план ве очекуваат промени кои не ги очекувавте, но сепак ќе се случат.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Сте решиле поголем дел од проблемите и сега конечно ќе имате малку време за одмор. Саканото лице максимално ви е посветено, ова ќе биде убав ден за вас.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Функционирате под притисок и остварувате добри резултати. Ќе добиете пофалби. Ако сте слободни ќе запознаете личност која сериозно ќе ве заинтересира.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Време е некои деловни проекти да ги заклучите. Ќе имате малку повеќе време да му се посветите и на приватниот живот. Во љубовта слободните денес ги очекува интересна средба.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве очекува успех и патување, ќе остварите и повеќе од планираното. Ќе сакате да бидете со пријателите, и токму тоа ќе се случи, по работното време остатокот од денот ќе го поминете во релаксирачко друштво.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе ви дојде некој неочекуван прилив на пари и многу ќе бидете среќни поради тоа. Нема причина да се грижите за финансиите. Во љубовта ќе се чувствувате сигурно порај партнерот.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе бидете полни со енергија и можете да очекувате дека ова ќе биде позитивен ден. Ќе бидете вредни и продуктивни. Во љубовта сакате мали но важни промени.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Решени сте своите идеи да ги реализирате до крај, и не дозволувајте некој да ве предомислува. Во љубовта очекувајте интересна случка, главно позитивна, која ќе донесе насмевка на вашето лице.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП