20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛетовите на Croatia Airlines се враќаат во нормала

Летовите на Croatia Airlines се враќаат во нормала

croatia1

Воздушниот сообраќај утре би требало да се одвива според предвидениот распоред за летање, изјави синоќа портпаролот на „Croatia Airlines“ Давор Јанушиќ.

Јанушиќ напоменува дека нема да има поврзани летови, како што беше до сега, туку летовите ќе бидат редовни бидејќи и дел од екипажот во кабините се вратил на работа.

„Патниците можат да очекуваат редовен сообраќај утре, бидејќи не се очекува пореметување во сообраќајот во наредните денови“, изјави вчера претседателот на управата на авиокомпанијата Крешимир Кучко за Нова ТВ и додаде дека, покрај тоа, патниците можат да очекуваат и апсолутно сигурни авиони во однос на било какви зарази бидејќи, додава тој, не добиле дојава дека некој патник се разболел во нивните авиони.

Со тоа алудираше на масовното боледување на екипажот во кабините, 42 двајца од екипажот во изминатите 48 часа, поради што од компанијата побарале посебна истрага за лекарите.

„Наша обврска е да утврдиме што е причината за така неочекуваното заминување на боледување на 25 проценти од екипажот“, рече Кучко и додаде дека е можно тоа да е реакција на вработените во планот за реструктуирање на компанијата, отказите и намалувањето на платата, но и наведе дека планот за реструктуирање „мора да оди“ и дека „нема алтернатива“. „Во планот за реструктуирање се предвидени заштеди, па и заштеди на работната сила“, рече Кучко и наведе дека загубите се санирани со докапитализација од страна на државата.

„И првиот квартал, кој беше најповолен во историјата на компанијата, говори дека сме на вистинскиот пат и дека сме ги осигурале условите за „clean start“, смета Кучко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП