24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair може да ги запре летовите од Британија поради Brexit

Ryanair може да ги запре летовите од Британија поради Brexit

Ирската нискотарифна авиокомпанија „Ryanair“ предупреди дека постои опасност да ги суспендира летовите меѓу Велика Британија и Европската унија (ЕУ) по „Brexit“, ако Лондон и Брисел не постигнат брзо договор во областа на воздушниот транспорт.

„Денес можете слободно да летате меѓу Велика Британија и Европа, но ние проценуваме сценарио, каде што утре нема да можете. Дали ќе биде за неколку дена, неколку недели или неколку месеци – никој не знае во моментов“, предупреди финансискиот директор на најголемата европска авиокомпанија по број на патници, Нил Сорахан.

Британската влада го активира на крајот на март членот 50 од Лисабонскиот договор и започна 2-годишната процедура на преговорите меѓу Лондон и Брисел за „Brexit“. Британскиот премиер Тереза ​​Меј предупреди веќе дека земјата ќе го напушти единствениот пазар на ЕУ за стоки и услуги.

Сорахан посочи пред новинарите во Лондон дека авиокомпанијата планирала раст од околу 15 проценти во Велика Британија во минатата година, но има постигнато раст од околу 6 проценти, информира „Ројтерс“.

Според него „Ryanair“ планира да го пренасочи растот од Велика Британија во наредните две години, додека земјата преговара за заминувањето од ЕУ.

Велика Британија е една од клучните бази на „Ryanair“, а 40 авиони на компанијата од вкупно 400 полетуваат од 19 британски аеродроми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП