23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГрандиозна вила на обала (фото)

Грандиозна вила на обала (фото)

Над „Buzzards“ заливот се наоѓа оваа сјајна вила, која ја дизајнираше Роберт А. М. Стерн во 2007 година и која совршено ги користи сите нејзини позитивни страни…

Оваа вила делува многу грандиозно и од далеку и од блиску. Се наоѓа на имот од 10 хектари а има речиси 2.500 метри квадратни простор, со соврешено декориран ентериер, прекрасни детали и елегантни парчиња мебел. Нејзиниот модерен ентериер е исполнет со природна светлина и совршен е за забава за голем број на гости, но погодна е и за интимни прослави и вечери. Оваа вила има осум спални соби и 10 бањи.

Покрај главната резиденција, овој имот има и пространа куќа за гости, која е совршена за долго сместување на вашите гости. Големата приватна плажа е исто така дел од имотот, а на сопствениците им овозможува прилика да уживаат во прекрасното природно опкружување.

Цената на овој величествен имот кој се наоѓа во Масачусец е 25 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП