24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines им забрани на стјуардесите црвен кармин и лак за нокти

Turkish Airlines им забрани на стјуардесите црвен кармин и лак за нокти

turkish1

Турската национална авиокомпанија „Turkish Airlines” им забрани на домаќинките во авионите да носат црвен кармин и црвен лак за нокти на работното место.

„Turkish Airlines”, четвртиот по големина европски авиопревозник, изјави дека забраната на „силните тонови” кај персонал е поради фактот што природниот изглед ја подобрува комуникацијата со патниците.

„Како последица на фактот дека нашите униформи не ја вклучуваат црвената боја, темно розовата и слични бои, користењето на црвен кармин и лак за нокти во тие бои би го нарушил визуелниот интегритет”, се вели во соопштението на компанијата.

Од компанијата не сакаа да дадат дополнителни коментари.

Критичарите за оваа одлука велат дека таа е последица на влијанието на владините конзервативни и исламски верски вредности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП