20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПричини поради кои нема да добиете зголемување

Причини поради кои нема да добиете зголемување

Вашата сегашна плата има големо влијание на вашиот иден живот. Финансиските советници се согласуваат дека морате да преговарате за најдобрата плата која во моментот можете да ја обезбедите за во иднина да ви биде полесно.

Ако се потценувате, вашата кариера, а со самото тоа и вашите финансии нема да напредуваат.

За да би ја добиле понудата која ја барате, експертите советуваат да се тргнете од вообичаените замки во кои многу луѓе често паѓаат.

Не барате зголемување

Според истражувањето на CareerBuilder најверојатно 56 проценти од работниците никогаш не побарале зголемување. Исто така, поверојатно е дека мажите ќе побараат побрзо зголемување отколку жените. Истото истражување покажало дека две третини од работниците, од оние кои ќе побараат, добиваат зголемување, а стапката на успех е еднаква и кај мажите и кај жените.

Не можете да седите со скрстени раце и да очекувате дека зголемувањето или бонусот ќе ви паднат од небо. Дури и ако вашиот шеф го забележува вашиот труд и продуктивноста, тој или таа нема задолжително да ве исплатат повеќе. Морате да бидете проактивни и да го побарате тоа што го сакате.

Барате зголемување прерано

Младите луѓе се научени на поинаков систем на работа од старите. Тие веруваат дека заслужуваат подобрувања секоја година, без оглед на квалитетот на работата. Таквиот менталитет може скапо да ја чинат компанијата.

Софија Аморусо, која сама основала компанија која денес вреди повеќе од 100 милиони долари, вели дека пред да побарате зголемување или бонус треба да изградите добри темели за тоа.

Не сте дошле подготвени на разговорот

Кога барате зголемување не можете едноставно да кажете „барам зголемување“. Морате да имате аргументи кои го поддржуваат вашето барање, да ги истакнете своите постигнувања, вештини и искуството за да го оправдате она што го сакате.

Исто така, морате да го имате на ум распонот на платите за некој со вашето искуство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП