25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИзгледајте попаметно на интервјуто за работа: 6 прашања кои можете да ги...

Изгледајте попаметно на интервјуто за работа: 6 прашања кои можете да ги поставите

Кога одите на интервјуто за работа не се работи само за тоа да одговорите на прашањата. Поентата е да одите понатаму и да поставите и вие некое прашање. На тој начин, не само што можете да оставите впечаток и да изгледате попаметно, туку и да дознаете многу повеќе за работното место како и за компанијата.

За прашањата кои ќе ве издвојат од останатите кандидати пишува „Business Insider“:

1. Кои квалитети ги барате во идеалниот кандидат?

Можеби постојат посебни деловни или технички вештини кои токму вие ги имате (или немате), а кои се неопходни во таа работа.

2. Што би сакале да се постигне во некоја блиска иднина (месец дена, шест месеци, година дена)?

На овој начин покажувате дека сте ориентирани кон резултатите, сакате да знаете што од вас се очекува, и дека сте подготвени да се стремите кон тоа.

3. Можете ли да го опишете тимот со кој би работел/а?

Ова прашање докажува дека сте тимски играч, што е клучна компонента за емоционалната интелигенција.

4. Каква поддршка компанијата му дава на тимот за да му помогне да успее и да се развие со компанијата?

Прашањето покажува дека сте заинтересирани да учите, со тек на време да преземете повеќе одговорности, како и да останете со компанијата. Но и компанијата од друга страна покажува дали и како ги поддржува вработените, и дали е заинтересирана за ширење и напредување.

5. Како би го дефинирале успехот во оваа позиција?

Како и кај прашањето број 2, овде покажувате дека сте заинтересирани да ги исполните целите и очекувањата.

6. Како би изгледал еден мој работен ден?

Со тоа ќе ги разјасните одговорностите, а може и да ви помогне да се одлучите дали оваа позиција ви одговара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП