19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 20.02.2018

Дневен хороскоп 20.02.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

Понекогаш не можете да го добиете тоа што го сакате, но секоја ситуација има потенцијално корисно значење ако правилно се поставите. Во љубовта ништо нема да постигнете само со негација на нештата. Залудно се противите пред саканото лице.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Застанете цврсто денес против газдите и шефовите и побарајте си ги правата. Вашата оптовареност постојано расте, сега е ред и вашата плата да порасне. Ќе водите успешни разговори, ќе склучите цврсти и добри договори, ќе можете да ги заштитите своите позиции.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се наоѓате во неблагодарна позиција и смислувате различни решенија, но некој од соработниците делува поефикасно. Во љубовта партнерот има различни забелешки за вашето однесување, се чини дека немате убедливо оправдување

 

Рак (22.06 – 22.07)

Оптеретени сте со различни ситуации кои ја пореметуваат вашата концентрација. Тешко го прикривате вашето незадоволство на средбите со соработниците. Во љубовта избегнувајте го принципот емотивно казнување или ривалство.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Обрнете внимание на различните информации кои можат да ви ги олеснат работните обврски. Земете пример од успешните соработници и применете сличен начин на работа. Во љубовта во своите емотивни проценки бидете пореални.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Некој не ги разбира вашите деловни идеи или ви поставува премногу прашања. Попуштете колку што можете. Во љубовта важно е да го прифатите значењето на нечие присуство. Обидете се да не тактизирате.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Умеете да ги прилагодите своите интереси кон основните критериуми и да се изборите за подобри услови. Во љубовта прихолошката фаза која поминува ќе има позитивно влијание на вашиот љубовен живот. Намалете со нереалните очекувања.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес е можна добивка, немојте веднаш на почетокот да се буните за ситници, бидејќи ќе дадете погрешна слика за себе. Расправиите нема да ви донесат никаква корист, имајте трпение. Во љубовното поле имате преголем број на пребрзи мисли, а ви недостасуваат емоции.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вашето тело повеќе не може да го издржи напорот. Веројатно вашата работохоличност ќе се одрази на вашата состојба. Поради прекувременото работење, ќе бидете премногу истоштени, а тоа ќе го забележат сите околу вас. Ќе бидете критикувани за постапките.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес сте подготвени за предизвици. На деловна сцена ќе одлучите да завртите нов лист и тоа ќе ви донесе позитивни резултати. Во љубовта ќе почувствувате нов наплив на енергија.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе добиете прилика да се докажете пред некој Овен или Лав дека тие треба да ја прифатат вашата понуда, особено кога станува збор за финансиски проект. Се трудите да покажете разбирање за оние со кои работите, но најверојатно ќе барате многу повеќе од нив.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можна е појава на проблеми. Денес нема да биде лесно да излезете на крај со партнерите и блиските пријатели. Можеби сте толку многу лути на некоја личност, па не можете да изустите ни збор. Немојте да се грижите. Времето е на ваша страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП