25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобрите пракси од Виена ќе бидат применети во Општина Центар

Добрите пракси од Виена ќе бидат применети во Општина Центар

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во среда во Виена се сретна со градоначалникот на главниот град во Австрија, Михаел Хаупл.

Средбата се реализираше на покана на градоначалникот на Виена, град кој е прогласен за „смарт сити“ во 2011 година. Виена има највисоки стандарди за екологија и зачувување на ресурсите, проекти за вклучување граѓаните, како и-проекти за образование и технолошки иновации.

Градоначалниците разговараа околу можностите за блиска соработка помеѓу општина Центар и Виена и пренесување на добрите пракси.

На средбата стана збор и за актуелната политичка ситуација во земјата, особено по развојот на најновите настани и по посетата на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан и тројцата европратеници. Двајцата соговорници искажаа јасна заложба за итно формирање на влада, за да можат да се откочат демократските процеси во државата, нормално функционирање на институциите, што ќе придонесе и за стабилизирање и развој на економијата.

Разменети се мислења и за можните реперкусии од нераспишување на локалните избори, нивно евентуално пролонгирање и како тоа ќе се одрази врз локалната самоуправа во Македонија, а особено во функционирањето на општина Центар.

Михаел Хаупл е градоначалник на Виена од 1994-та година и е член на Социјал-демократската партија, која ужива најголем углед и доверба во главниот град на Австрија.
Хаупл меѓу другото, од 2004 – 2010 ја извршува функцијата претседател на Советот на и општините и регионите при Советот на Европа.

Исто така, беше договорено општина Центар да ги престави можностите за инвестирање пред австриски компании и инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП