20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ја укинува забраната, Бразил слави

Кина ја укинува забраната, Бразил слави

Властите на Хонг Конг целосно ја укинаа забраната за увоз на месо од Бразил воведена поради скандалот по повод извозот на расипано месо како свежо.

„Бразил е среќен поради вестите дека Хонг Конг повторно го отворил својот пазар за бразилското месо“ со исклучок за производите од 21 компанија кои директно се вмешани во скандал, се наведува во соопштението на владата во Бразил, а пренесува агенцијата Франс прес.

Кина ја зголеми рампата на увоз на говедско месо од Бразил, откако бразилските власти ветија дека ќе ја блокираат испораката на производители кои се во центарот на скандалот кој ја тресе бразилската месна индустрија.

Увозот на месо од Бразил минатата недела се најде на удар, откако бразилските истражувачи ги обвинија санитарните инспектори за земање на мито со цел да „прогледаат преку прсти“ за месото на кое му истекол рокот на траење.

Поради тој скандал, Кина, Европската унија, Јапонија и Мексико го забранија или ограничија увозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП