23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинески Tencent купи удел од Tesla

Кинески Tencent купи удел од Tesla

Гигантот „Tencent“ купил 5% од „Tesla“. Така кинеската компанија обезбедува подкрепатa на производителот на електронски автомобили од Силиконската долина, кој се подготвува да го лансира својот прв автомобил за масовен пазар.

Износот од 1,8 милијарди долари, платена од „Tencent“, ја прави компанијата петтиот по големина акционер во компанијата, покажуваат податоците на „S & P Capital IQ“. Ова покажува доверба во главниот извршен директор на „Tesla“, Илон Муск во момент во кој тој се соочува со сомнежи околу тоа дали ќе може да ги задоволи амбициозните цели да го претстави седанот „Model 3“ во рамките на прогнозираниот распоред и обем.

„Tencent“ го купи делот преку комбинација на понуда на акции од „Tesla“ и акции, купени на слободниот пазар, покажува документацијата поднесена во вторникот. Уделот на „Tencent“ е пасивен, што значи дека компанијата најверојатно нема да бара места во Управниот одбор или да сака промени.

Портпаролот на „Tencent“ ја нарече „Teslа“ – „глобален пионер на чело на новите технологии“. Успехот на „Tencent“ доаѓа од поддршка на претприемачите како Муск, кој комбинира визија, амбиција и перформанси, рече портпаролот.

Муск, кој е и претседател на компанијата, останува најголемиот акционер во „Tesla“ со малку над 20% од компанијата.

Акциите на американската компанија, кои пријавиле раст на цената од 26% во оваа година, поскапеа за 2,9% во утринската трговија во Њујорк.

Претходно овој месец „Tesla“ презеде чекори за да ја зајакне кревката книговодствената евиденција во позадина на ризичното зајакнување на производството на „Model 3“. Во исто време компанијата изјави дека нуди обични акции за 250 милиони долари и конвертибилни обврзници за 750 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП