20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕBlue Diamond - Ултимативно луксузен одмор од 250.000 долари

Blue Diamond – Ултимативно луксузен одмор од 250.000 долари

Веќе знаете дека Ангвила е еден од најпопуларните карипски острови…

Од автентичната култура, преку врвните плажи па се до фантастичната храна, Ангвила има се што е потребно за идеален одмор. Сепек, „Altamer Resort“, луксузната колекција на бутик вили сместена на познатиот Шоал залив, само што го зголеми нивото на ексклузивност на ова место.

Тие својот нов пакет го прогласија за „ултимативно викенд ужавање“, а до десет богати патници, кои можат да платат 250.000 долари, може да уживаат во него. Станува збор за уникатна авантура која започнува со возењето на приватна јахта од Св. Мартен, а вклучува четири ноќи во нивната неодамна реновирана „Blue Diamond“ вила, која е опишана како најлуксузната резиденција на ова одморалиште.

Со површина од 1.300 квадратни метри, четирисобната „Blue Diamond“ е една од трите вили во ова опкружување кое е дело на реномираниот архитект Мајрон Голдфингер, а она содржи и колекција од современи слики и инсталација од личната колекција на Франсис Гринбургер.

Гостите овде ќе ги размази нивниот личен готвач кој ќе им ги подготви најдобрите оброци во текот на целиот викенд, вклучувајќи и вечера со најпрефинетите вина преку ноќ. Исто така, на приватната јахта сите гости ќе отпатуваат до Св. Барт, имајќи можност за играње тенис со професионалци, превоз со лимузина и приватно казино со професионални крупиеа и коктели.

Цената на ова случување секако делува многу висока, но кога подобро ќе размислите, тоа е all-inclusive луксузен одмор од шест дена и пет ноќевања за десет лица, што чини околу 25.000 долари по личност. На нас ни звучи совршено примамливо, а на вас?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП