20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денес Грузијците имаат безвизен режим со ЕУ

Од денес Грузијците имаат безвизен режим со ЕУ

Грузиските државјани кои поседуваат биометриски пасоши од 28-ми март добиваат безвизен режим со Европската унија (ЕУ), кој ќе можат да го искористат во повеќето земји членки, со исклучок на Велика Британија и Ирска, пренесува РСЕ.

Денешниот ден беше долгочекуван за официјален Тбилиси, кој се повеќе и повеќе бара поблиски врски со ЕУ додека со соочува со постојаните напори од Русија за зголемено влијание на Москва во оваа земја, како и во кавкаскиот регион.

Европската комисија во декември 2015-та препорача отстранување на визните ограничувања за Грузија, но преговорите помеѓу самите членки на ЕУ по ова прашање се покажаа како тешки, а исто така удел во одлуката имаа и разговорите помеѓу Европскиот парламент и Европскиот совет околу воспоставувањето на механизам за враќање на визите.

Овој механизам, кој исто така стапува на сила на 28-ми март, предвидува сопирање на безвизниот режим за Грузијците доколку се појават „одредени околности“, како што наведуваат од Европската комисија.

Безвизниот режим за Грузија ќе важи за сите земји членки на ЕУ, освен Британија и Ирска, а грузиските државјани исто така ќе можат да патуваат во земјите членки на Шенген зоната: Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Швајцарија.

Грузискиот министер за надворешни работи Микхеил Јанелидзе во понеделникот изјави дека безвизниот режим исто така ќе важи и за жителите на „окупираните“ територии во земјата – Абхазија и Јужна Осетија. Според него, „привилегиите на безвизното патување ќе биде достапно за сите наши граѓани кои живеат во окупираните територии“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП