29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОАЕ очекува штедење oд 192 милијарди долари од транзицијата кон зелена енергија

ОАЕ очекува штедење oд 192 милијарди долари од транзицијата кон зелена енергија

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) предвидуваат дека економијата генерирана од пренасочувањето на половина од енергетските потреби кон чиста енергија до средината на векот, ќе намали инвестициските трошоци, соопштува „Bloomberg“.

Земјата од Персискиот Залив планира да инвестира 150 милијарди долари во обновлива енергија до 2050-та година, постепено оддалечувајќи се од зависноста од субвенционираната енергија од природен гас, изјави министерот за енергија Сухеил ал-Мазруи на конференција во Берлин. Најчистите извори на енергија ќе и помогнат на ОАЕ да заштеди 192 милијарди долари, изјави тој.

Лидерите на ОАЕ се „оптимисти“ кон постигнување на целта, откако се сфати дека земјата може да се откаже од субвенциите, минувајќи кон чиста енергија од течен природен гас, рече Ал-Мазруи. Придржувањето кон стратегијата ќе „ги штити животната средина, а во исто време ќе ни заштедува пари“, рече тој.

Бидејќи трошоците за соларна енергија се намалуваат нагло, земјите од Заливот и Блискиот Исток ги преоценуваат енергетските стратегии кои во моментов се потпираат на подружници за струја, генерирани со течен природен гас. ОАЕ имаат поставено „исклучително амбициозна“ цел за чиста енергија, почнувајќи сосема од почетокот пред неколку години, посочува „Bloomberg New Energy Finance“.

Во септември кинескиот производител на панели „JinkoSolar Holding“ и јапонскиот инвеститорот „Marubeni“ освоија тендер за сончев парк во Абу Даби со рекордна понуда за 2,42 американски центи за kW/h. Околу 1 милијарди долари се инвестирани во проекти за соларна енергија во ОАЕ од 2007-ма година.

„Земјите од Блискиот Исток треба да сe ослободат од зависноста од субвенционирање на гасната енергетика, бидејќи неефикасноста е ендемска во Блискиот Исток“, вели ал-Мазруи.

„Имаме толку многу централи со отворен циклус, па нема логика да продолжиме со нив – тие се многу нискоефективни. Причината е дека постои субвенционирање на гасот“, рече поранешниот извршен директор на инвестицискиот фонд на Абу Даби.

„Во иднина ОАЕ ќе ги разгледуваат сите предложени енергетски проекти со течен природен гас како проекти кои нема да бидат субвенционирани. Владата сака и да ја укине поддршката за енергетскиот мит“, рече тој.

„Многу лесно достапните бенефиции постојат како потенцијални заштеди во гасната електрична енергија, пренос и управување со потрошувачката“, рече министерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП