25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson очекува дополнителни трошоци во износ од 1,7 милијарди долари

Ericsson очекува дополнителни трошоци во износ од 1,7 милијарди долари

Шведскиот производител на мрежна опрема „Ericsson“ ќе има дополнителни трошоци во износ од 15 милијарди круни (1,7 милијарди долари) за првото тримесечје. Сето тоа ги нагласува предизвиците пред новиот извршен директор Борхе Еколм во момент во кој тој се обидува да ја стабилизира компанијата, пренесува „Bloomberg.

Добивката во овој квартал ќе се намали со 7 до 8 милијарди круни поради „неодамнешните негативни случувања поврзани со некои проекти со големи клиенти“, објави „Ericsson“ во соопштението.

Надоместоците по реструктуирањето ќе бидат околу 2 милијарди круни, додека Еколм го забрзува процесот за намалувањето на трошоците. Покрај тоа, компанијата ќе отпише дел од имотот, што ќе влијае оперативната добивка со 3 до 4 милијарди круни, а планира да ги испитува стратешките можности за медиумскиот бизнис.

Еколм ја намали дивидендата на „Ericsson“ за прв пат по осум години. Новиот извршен директор се обидува да се справи со падот на продажбата предизвикан од огромната конкуренција, во позадина на доцнењето на трошоците на мобилните оператори. „Huawei Technologies“ соборувајќи го „Ericsson“ стана најголем снабдувач во светот на мобилната инфраструктура во третиот квартал според „IHS Markit“.

„Од пред извесно време „Ericsson“ се соочува со предизвици, како од технолошки аспект, така и од гледна точка на пазарното лидерство, а стратегијата на групата не ги дава очекуваните резултати. За да имаме можност веднаш да преземеме акција и да се движиме доволно брзо, ние се вдижиме кон закрепнување на профитабилноста“, коментира Еколм во соопштението.

Меѓу стратешките потези на Еколм е неговиот план да отстрани еден слој од топ менаџментот на Ериксон и да намали 10 географски бизнис области до пет. Надоместоците за реструктуирање оваа година ќе се меѓу 6 и 8 милијарди круни, што е над претходната проценка за 3 милијарди круни.

Еколм, кој е поранешен консултант на „McKinsey“, беше назначен во „Ericsson“ откако компанијата доживеа тешка 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП