25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК даде зелено светло, се раѓа светски гигант

ЕК даде зелено светло, се раѓа светски гигант

Европската комисија даде дозвола за спојување на американските хемиски компании „Dow“ и „DuPont“, со што ќе се создаде гигант вреден 130 милијарди долари на берзата.

Дозволата е условена со намалување на големиот дел на активноста на „DuPont“ во областа на пестициди и неговото одделение за истражување и развој, се наведува во соопштението на регулаторното тело за заштита на конкуренцијата на ЕУ.

Ова спојување е дел од проширувањата во хемискиот сектор, каде е планирано и спојување на кинеската „ChemChina“ и швајцарската „Syngenta“, како и германскиот „Bayer“ и американскиот „Monsanto“.

Европската комисија треба на 12-ти април да донесе одлука за споjувањето на „ChemChina“ и „Syngenta“, додека Комисијата сеуште не е официјално известена за спојувањето на „Bayer“ и „Monsanto“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП