19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГаспром и Лукоил со интерес за гасни и нафтени полиња во Иран

Гаспром и Лукоил со интерес за гасни и нафтени полиња во Иран

Руските гиганти „Гаспром“ и „Лукоил“ појавиле интерес за развој на нафтени и гасни полиња во Иран, соопшти руската новинска агенција „ТАСС“ во врска со посетата на иранскиот претседател Хасан Рухани во Москва.

Техеран подготвува меѓународен тендер, на кој треба да биде распределено управувањето на 52 наоѓалишта – 29 нафтени и 23 гасни. Со интерес за учество се изјасниле 29 компании, меѓу кои се двете руски. Поради санкциите компании од САД не учествуваат во постапката.

Соработката меѓу двете земји во областа на енергетиката е една од главните теми на кои ќе дискутира Рухани за време на својата посета во руската престолнина. Вчера тој разговараше со премиерот на Русија Дмитриј Медведев, а денес е планирана средба и со претседателот Владимир Путин.

„Се надевам дека во текот на посетата во Москва ќе бидат сведоци на нова пресвртница во развојот на односите меѓу нашите земји“, рече иранскиот претседател за време на средбата со Медведев, цитиран од прес-центарот на руската влада.

За време на средбата меѓу Рухани со Путин, тие ќе разговараат за голем број теми – од меѓународната политика до економските односи меѓу двете држави, станува јасно уште од пораките на сајтот на Владата на Русија.

Во кусата изјава за иранската заедница во Москва, Рухани коментира уште и за „значителниот потенцијал“ на руските инвестиции во енергетскиот сектор во земјата.

Освен во областа на нафтената и гасната индустрија Русија има апетити и кон други проекти како што се изградба на енергоблокови во термо-електрани и електрифицирање на железнички пруги, додава уште ТАСС. Во 2016-та беше даден почеток на изградбата на два нови реактори во нуклеарната централа „Бушер“. Изведувач на проектот е „Росатом“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП