19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНемате доволно пари за Chiron? Купете си велосипед на Bugatti! (фото+видео)

Немате доволно пари за Chiron? Купете си велосипед на Bugatti! (фото+видео)

Производителот на хиперавтомобили „Bugatti“ во соработка со германската компанија „PG“ направи велосипед целосно од карбон. Тој ќе биде произведен во серија од 667 примероци, а секој од нив ќе чини 39.000 долари (околу 36.000 евра).

Од компанијата тврдат дека тоа е „најлесниот специјален велосипед во светот“. 95% од неговата конструкција е карбон, па така тежината е точно 5 килограми. Специјално за велосипедот е создаден амортизер на кормилото, кој е специјално дизајниран за висока аеродинамика.

Сите елементи се прават рачно, а велосипедот ќе се составува во Германија. На секој од нив ќе се почитуваат желбите на клиентот, на кого ќе му се нудат 8 варијанти од двобојната комбинација. Тие целосно ја повторуваат палетата бои достапни за хиперавтомобилот „Bugatti Chiron“.

За истите 36.000 евра, за кои се продава велосипедот, може да се купи „Volkswagen Tiguan“ со доста добра опрема. Толку чинат и 31 велосипед „BMW Cruise Bike NBG III“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП