18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на азиските берзи

Пад на азиските берзи

Цените на акциите на азиските берзи во понеделник паднаа, додека доларот ослабе бидејќи неуспехот на реформите во здравството го отвори прашањето дали американскиот претседател може да ги оствари останатите ветувања, како што е намалување на данокот и зголемување на фискалната потрошувачка.

На берзата во Токио индексот Nikkei околу 7:30 часот беше во минус 1,4 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Австралија, Хонг Конг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,1 и 0,5 отсто.

Во Шангај благо пораснале, додека MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7:30 часот бил во загуба 0,3 отсто.

Азиските инвеститори беа внимателни заради падот на S&P 500 индексот за 0,7 отсто, што најавува пад на цените на акциите на Волстрит во понеделник попладне. Овој индекс минатата недела потона 1,4 отсто, што е негов најголем неделен губиток оваа година.

Утрово индексот на доларот, што ја покажува вредноста на американската валута во однос на останатите шест најважни светски валути, се лизна 0,3 отсто, на 99,28 бодови, најниско ниво од почетокот на февруари.

При тоа, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна на 110,35 јени, додека во петок на затворањето на пазарот изнесуваше 111,35 јени.

Доларот ослабе и во однос на еврото, па цената на еврото порасна 0,45 отсто, на 1,0850 долари, највисокото ниво од декември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП