20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар и оваа година ќе субвенционира 1.111 велосипеди

Општина Центар и оваа година ќе субвенционира 1.111 велосипеди

Општина Центар, четврта година по ред ќе го спроведе проектот „Цел Центар на точак “, кој изминатите три  години се покажа како успешен.

„Годинава општината  ќе субвенционира средства за купување на нови 1.111  велосипеди. Со тоа се реализира поставената цел, според која за четири години вакви субвенции ќе добијат 4.000 центарци, овозможувајќи им поздрав живот, поздрава животна средина и помал сообраќаен мете”, информираа од Општината.

Акцијата ќе се спроведува од почетокот на месец мај, а од буџетот на општина Центар за оваа намена се одвоени 2 милиони и 800 илјади денари.

Општина Центар ќе субвенционира 30% од цената за купување нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

Секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед од денот на започнување на акцијата, потребно е да ги достави следниве документи:

– Барање за субвенционирање за купен производ (достапно за симнување на opstinacentar.gov.mk)

– Копија од лична карта

– Копија од транскакциска сметка,

– Фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Центар. Правото на субвенција е еднократно„ се вели во соопштението објавено во неделата од страна на општинските валсти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП